Sunday , September 22 2019
Home / Latest Articles / BTCC: Како стојат работите во Британскиот туринг шампионат?

BTCC: Како стојат работите во Британскиот туринг шампионат?

Една од нај квалитетните форми на тркање во светов дефинитно е Британскиот шампионат на туристички автомобили…

После седумте извозени рунди работите стануваат крајно интересни, со тоа што во генерален пласман кај возачите, бодовна разлика речиси да нема, после седмата рунда која се одржа на патеката Трукстон.

Како победници на трите одржани трки се запишаа Сем Тордоф, Џош Кук и Ден Камиш сите во Honda Civic Type-R, при што јасно се виде доминацијата на овој Јапонски бренд.

До крајот на сезоната остануваат уште три рунди и тоа на Нокхил, Силверстоун и Брендс Хеч ГП. Во генерален пласман води Колин Туркингтон (BMW) со 249 поени, пред Ендрју Џордан (BMW) со 219 поени на втората и Ден Камиш (Honda) на третата позиција со 215 поени.

Веднаш позади на четвртата позиција се наоѓа Џош Кук со 211 поени, додека топ петте во генерален пласман ги заокружи Рори Бучер со 188 поени. Борбата за титулата и оваа година ќе биде крајно неизвесна, па затоа препорачувам да ги проследите последните три рунди, кои како и секоја досега, ќе пружат неверојатно тркање.

Следната рунда е на патеката Нокхил на 14 и 15 септември. До тогаш, подгответе се.

Текст: В. Анастасовски

Check Also

Димитриј Кимовски најбрз на тренинзите на Пониква

Кимовски без изненадувања Овој викенд на ридската патека Пониква над Кочани се одржува натпревар од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *