Thursday , December 3 2020
Home / Latest Articles / BTCC: Мет Нил размислува за пензија после 2020 сезона?

BTCC: Мет Нил размислува за пензија после 2020 сезона?

Трикратниот Британски туринг шампион Мет Нил можеби ќе ја закачи својата кацига и ќе оди во пензија на крајот од овaа сезона…

Мет Нил, 53-годишниот ветеран кој на Олтон Парк оваа година славеше 700-ти настап во Британскиот туринг шампионат, веќе подолго време размислува за овој потег, но признава дека можеби и ќе продолжи со кариерата.

Се зборува дека одлуката на Нил доаѓа од комерцијални проблеми кои ја зафатиja фабриката на Honda, за кого фамилијарниот тим на Нил Team Dynamics, води официјален тим во шампионатот во овој тежок економски период.

„Сеуште не сум 100% сигурен. Ако се пензионирам, тогаш значи дека сум уживал и не можам да се пожалам.“ – изјави Нил.

Тој исто така изјави дека не е важно дали ќе се трка или не, тимот Dynamics ќе продолжи да настапува со Honda Civic Type-R автомобили во шампионатот.

Но ако Нил сепак се повлече, тој би можел да биде заменет со трикратниот шампион Гордон Шеден кој освои три BTCC круни во Honda од Team Dynamics пред да се приклучи на Светскиот туринг куп каде што не покажа некој посебен резултат со тимот на Audi.

Тимот секако дека ќе продолжи понатаму, но дали со Нил, Шеден или трета опција, сепак ќе продолжи. Но тука има една личност која би можела да влезе како замена за Мет Нил, а тоа е неговиот син Хенри кој оваа година го освои Touring Car Trophy со Civic BTCC.

Ова би била трета генерација на BTCC возач во семејството Нил, со тоа што дедото на Хенри и татко на Мет, Стив Нил беше BTCC Ас во 60-тите години од минатиот век со Mini.

Check Also

BTCC: Со победата на втората трка, Сатон се поблиску до титулата оваа година

Еш Сатон го зголеми водството во генерален пласман во Британскиот туринг шампионат и се наоѓа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *