Friday , December 4 2020
Home / Latest Articles / BTCC: Победа за Камиш во првата трка, Сатон се поблиску до титулата

BTCC: Победа за Камиш во првата трка, Сатон се поблиску до титулата

Возачот на Honda Ден Камиш дојде до победа покажувајќи стабилни нерви на доста лошите услови на првата трка од последната рунда на Брендс Хеч Инди во рамките на Британскиот туринг шампионат, тргнувајќи од четвртата позиција.

Иако Том Инграм ја освои пол позицијата и тргна од чело на колоната, тој заврши на третата позиција позади Ешли Сатон кој стартуваше трет и заврши на втората позиција освојувајќи драгоцени поени за борбата за титула.

Сатон моментално се наоѓа на водечката позиција во генерален пласман со предност од само два поени пред Колин Туркингтон кој не успеа да заврши подобро од деветтата позиција.

Четврти низ целта помина Рори Бучер, пред Оли Џексон кој заврши петти. Шести беше Џејк Хил, пред Мет Нил, Џош Кук, Колин Туркингтон и Том Олифант кој ги комплетираше топ 10-те.

Условите на првата трка од финалето беа крајно неповолни, со многу вода на патеката која едвај се сушеше. Поради контакт и излетување на Глин Џиди и Сем Озборн, на патеката излезе безбедносниот автомобил, што беше единствениот прекин на трката.

Втората трка започнува во 13:30 часот, а стартниот поредок ќе биде истиот од завршните позиции од првата трка.

Check Also

BTCC: Со победата на втората трка, Сатон се поблиску до титулата оваа година

Еш Сатон го зголеми водството во генерален пласман во Британскиот туринг шампионат и се наоѓа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *