Thursday , December 3 2020
Home / Latest Articles / BTCC: Со победата на втората трка, Сатон се поблиску до титулата оваа година

BTCC: Со победата на втората трка, Сатон се поблиску до титулата оваа година

Еш Сатон го зголеми водството во генерален пласман во Британскиот туринг шампионат и се наоѓа на само една трка од титулата оваа година на сезонското финале на Бендс Хеч Инди.

За разлика од првата трка, втората се одржа на релативно сува патека, која во меѓувреме се сушеше. Оваа ситуација ги остави тимовите збунети околу изборот на гуми. Иако патеката се сушеше, сепак некои возачи излегоа на гуми за дожд што излезе како катастрофален избор. Тоа можеше да се види по Том Чилтон кој излезе на првата позиција и ја водеше трката, но подоцна падна во поредокот и возачите започнаа да го проаѓаат за цел круг.

Но Сатон беше херојот на оваа трка. Тој стартуваше од втората позиција која ја освои во првата трка и со континуирано темпо дојде до лидерската позиција и до победа подоцна со разлика од 4.762 секунди пред Том Инграм и 7.688 секунди пред Туркингтон кој втората трка ја заврши со голема среќа поради штетата на автомобилот на предниот десен дел кој полека но сигурно ја оштетување предната десна гума.

И покрај штетата Туркингтон успеа да заврши и да се врати во борба за титулата, а сега се наоѓа на само девет поени позади Сатон. Сатон исто така освои уште еден поен поради поставувањето на најбрз круг во втората трка. Ден Камиш заврши четврти пред Оли Џексон на петтата и Адам Морган на шестата позиција. Седми беше Џејк Хил пред Сена Проктор, Џош Кук и Рори Бучер кој ги комплетираше топ 10-те.

Третата и последна трка за оваа сезона ќе започне во 16:00 часот.

Check Also

БТЦЦ: Акцијата на првата трка на Брендс Хеч Инди во 70 секунди

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FOfficialBTCC%2Fvideos%2F1562130737330607%2F&show_text=true&width=560

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *