Thursday , December 3 2020
Home / Latest Articles / BTCC: Том Инграм со пол позиција на финалето на Брендс Хеч Инди

BTCC: Том Инграм со пол позиција на финалето на Брендс Хеч Инди

Том Инграм ја обезбеди пол позицијата за финалето на Брендс Хеч Инди, на крајно драматичната квалификациска сесија.

Возачите на денешната квалификациска сесија ни малку не беа поштедени од врменските услови. Тие мораа да се справат со дождот и лизгавата патека, но најснаодливите успеаа да дојдат до добри стартни позиции.

И покрај повеќето излетувања и двата прекини, третиот прекин на две минути пред крајот на сесијата беше последен, а сесијата не продолжи.

На драматичната квалификациска сесија Том Инграм помина најдобро со освојување на пол позиција, додека Рори Бучер успеа да се избори за втора стартна позиција. Ешли Сатон кој поголем дел од сесијата го имаше најдоброто време, остана на тоа поставено време и мораше да се задоволи со третата стартна позиција.

Ден Камиш имаше доста проблематична борба за најбрз круг при што два пати излета, но успеа да заврти брз круг доволен за четврта стартна позиција. Петти ќе стартува Оли Џексон, пред Џејк Хил, Мет Нил, Колин Туркингтон, Пол Ривет, додека топ 10-те најбрзи на квалификациите ги заокружи Џош Кук.

Check Also

BTCC: Со победата на втората трка, Сатон се поблиску до титулата оваа година

Еш Сатон го зголеми водството во генерален пласман во Британскиот туринг шампионат и се наоѓа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *