Tuesday , August 4 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / Bugatti Pur Sport… Да, Bugatti Pur Sport

Bugatti Pur Sport… Да, Bugatti Pur Sport

Bugatti почнува да личи на нешто.

Bugatti Pur Sport почетно требаше да биде претставен на Женевското Мотор Шоу оваа година. Но, поради пандемијата, саемот беше откажан. Тоа ги остави челниците од Bugatti да размислат како да го претстават. Тоа се случи преку нивната развиена дилерска интернет мрежа, преку салоните во Лондон, Париз, Хамбург, Минхен и Цирих.

Најновото чедо на Bugatti го задржа истиот агрегат, 8.0 литарскиот W16 од моделот Chiron, кој исто така располага со 1500КС. Управливоста му е подобра поради намалената тежина од 50 килограми во споредба со моделот Chiron, благодарение на 3Д принтаниот титаниумски издувен систем, фиксен заден спојлер, употребата на алкантара, алуминиумот и титаниумот во внатрешноста.

Bugatti исто така го подобри соодносот на брзините, додавајќи дополнителни 200 вртежи во минута до црвената линија со тоа што овој модел доаѓа до 6900 вртежи во минута. Тука се аеро бандажите и ново развиените Michelin Sport Cup 2R гуми, како и стврднувањето на предните спирали за 65% и задните за 33%.


Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *