Saturday , December 15 2018
Home / Автомобилизам / CEZ Hillclimb: Доста богат ЦЕЗ календар; Водно повторно во календарот…

CEZ Hillclimb: Доста богат ЦЕЗ календар; Водно повторно во календарот…

Како што ќе видите подолу во долгиот список на новиот календар на ридски патеки во рамките на Централно европска зона, најавени се дури 14 трки… импресивно нели?

14 трки на доста атрактивни локации меѓу кои и две трки кои се бодуваат за европскиот шампионат на ридски патеки, но што е за нас интересно овде? Како што гледате и гледавте неколку години наназад, легендарното Водно беше пријавено, но неколку години иако пријавена, оваа трка не се одржува. Прашањето со огромен прашалник е: Дали оваа година конечно ќе се одржи? Иако во нашата редакција почнуваат да пристигнуваат прашања од голем број на возачи од бившите Југословенски простори за одржувањето на трката, искрено не можеме да одговориме, барем не засега. Зошто? Интересно прашање… затоа што никогаш со сигурност нема да можеме да одговориме на тоа прашање бидејќи не би сакале да шириме дезинформации, но сепак мораме да дадеме некој одговор. Тој одговор како и секогаш е „Дај Боже да се одржи“. Но да се надеваме дека ќе бидеме сведоци на долгопосакуваното одржување на оваа трка. Условите се такви какви што се, приликите исто така, според тоа, од таму доаѓа тој чуден одговор.

Но да бидеме (како и секоја година) позитивни. Гледајќи од позитивна страна, или да зборуваме хипотетички, кога би се одржала трката на Водно, со истата ќе започне оваа долга сага од 14 трки, од кои секоја од претходната е по спектакуларна. Може да се каже дека според местоположбата, покрај Котор, локација која е една од најексклузивните, тука е и нашето Водно, трка на која стартот е на само 2-3 километри од самиот центар на главниот град. Доколку би имале сериозна организација, би можеле да бидеме сведоци на тоа Водно да стане дел и од Европскиот шампионат на ридски патеки, не поради тоа што имаме 2-кратен Европски шампион на ридски патеки, туку поради екстремно добрата местоположба, но и комплексноста и скриените тајни на оваа легендарна патека на која пораснаа и станаа сериозно добри возачи, голем број на Македонци.

Гледајќи го календарот би ви посакале да можете да присуствувате на што повеќе трки од овој календар, а дефинитивно би ви ги посочиле: Котор, Штернберг, Цазин, Санта Агата, Чивидале…

Check Also

Дишењето на Жил Паници во текот на неговото возење (Peugeot 306 Maxi) (ВИДЕО)

Овој пат, Ве потсетуваме на Жил и Хрв Паници Во следното видео ќе можете да …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *