Friday , April 20 2018
Home / Latest Articles / Cosworth нема намера самостојно да се врати во Формула 1

Cosworth нема намера самостојно да се врати во Формула 1

И покрај најавената промена на правилата за агрегатите во Формула 1 од сезоната 2021, Cosworth нема намера самостојно да се враќа во спортот.

Легендарниот произведувач на мотори Cosworth, чие што име е тесно поврзано со историјата на Формула 1, е далеку од враќање во овој спорт. Управниот директор на Cosworth, Брус Вуд, вели дека оваа компанија не може да се врати во спортот без надворешна финансиска поддршка, и покрај тоа што промената на правилата е со цел да се намалат трошоците за развој и производство на агрегатите, со што би се привлекле независни производители.

“Како прво, ние многу би сакале да бидеме дел од Ф1. Доста се зборуваше за нашата инволвираност во преговорите за промена на правилата, но многу мала е веројатноста за наше самостојно враќање во спортот. Се надеваме дека новите правила ќе овозможат со многу помали финансиски обврски да се биде дел од Ф1. Тогаш би можеле да се вратиме со финансиска поддршка од надвор.” – изјави Вуд.

“Не е тајна дека за развој на сегашните хибридни агрегати се потребни многу пари. Само за развој на системот за обновување на топлинската енергија се потребни десетици милиони долари. Доколку се намалат трошоците, тогаш постои можност за враќање на многу независни производители.” – додаде тој.

Check Also

F1: Ферстапен: Не ми е потребен психолог

Возачот на Red Bull Racing, Макс Ферстапен, вели дека веќе го оставил позади себе Кинеското …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *