Новиот модел Cupra Leon Competicion ќе биде вистинско освежување на WTCR гридот оваа сезона
Директорот на Cupra Racing Џејми Пуџ потврди дека новата Cupra Leon Competicion TCR ќе биде претставен на WTCR гридот од оваа сезона, а моделот ќе биде присутен во TCR Europa како и во другите национални првенства.
Од компанијата сеуште не открија детали за тоа кои тимови од Светскиот туринг куп ќе располагаат со овој автомобил. PWR Rcing сеуште ги немаат потврдено интернационалните планови, додека Comtoyou Racing се префрлија на Audi од оваа година.
Шпанскиот производител изјави дека добил 30 побарувања за новиот модел од различни муштерии откако го претставија во декември. Иако моментално не е активен ниту еден шампионат поради глобалната пандемија, Пуџ изјави дека Cupra се подготвени на целосна поддршка за нивните муштерии од далечина.