Sunday , March 7 2021
Home / Latest Articles / CUPRA eRacer дебитираше на официјалниот тест на Арагон

CUPRA eRacer дебитираше на официјалниот тест на Арагон

CUPRA e-Racer за прв пат се појави на официјален тест пред првата сезона во новата Pure ETCR категорија, резервирана за електрични туринг автомобили.

На дводневниот тест на Арагон во Шпанија учествуваа електричната CUPRA и Hyundai Veloster ETCR, на кои беа направени тестирања и развој на различни делови од овие два автомобили.

Жорди Хене беше позади воланот на почетокот од тестот и се декларираше сам себе како почестен и презадоволен од тоа како се одвиваше тестирањето тој ден.

„Само што го завршивме првиот тест ден со CUPRA eRacer. Ова е прекрасен автомобил. Имаме доста работа околу него, како што имаме и многу работи да тестираме: Шасија, гуми, нов мотор, нова батерија. Тука има многу работи да се завршат, но се надеваме дека ќе ги завршиме повеќето.“ – изјави Хене.

Check Also

ETCR: Микел Аскона го потврди своето учество во електричниот TCR шампионат

Станува интересно со електрифицирањето… Шпанскиот возач Микел Аскона го потврди неговото учество во првата сезона …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *