Wednesday , July 18 2018
Home / Latest Articles / Devel Sixteen – најлудиот супер автомобил со 5000 КС!

Devel Sixteen – најлудиот супер автомобил со 5000 КС!

Devel Sixteen е дефинитивно еден од најлудите супер-автомобили што сте ги виделе, но за жал сеуште се наоѓа во фаза на концепт.

Дали ќе помине во фаза на производство е податок со кој што сеуште се шпекулира, но она што го знаеме е дека овој супер-автомобил изгледа навистина лудо! Предниот дел изгледа доста агресивно и недефинирано, а задниот потсетува на борбен авион.

Devel Sixteen е придвжуван од 12.3-литарски V16 квад-турбо агрегат со неверојатна моќност од 5000 коњски сили! Овој агрегат е развиван од страна на Steve Morris Racing, од каде што тврдат дека го тестирале на динамометар и успеале да измерат 4515 коњски сили.

Овој супер-автомобил за последен пат беше изложен на минатогодишното Дубаи Мотор Шоу, а кога ќе влезе во производство сеуште немаме официјални информации.

Да го погледнеме следново видео во кое што ќе можете да го видите овој “ѓавол” буквално од секој агол. Уживајте:

Check Also

WTCR Словакиаринг: Доминацијата на Hyundai на квалификациите, се претвори во доминација на VW групацијата на првата трка

На доста топло време денес, на патеката Словакиаринг крај Братислава се одржа првата трка од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *