Monday , August 19 2019
Home / Автомобилизам / EHCC: Погледнете го календарот на Европскиот шампионат на ридски патеки!

EHCC: Погледнете го календарот на Европскиот шампионат на ридски патеки!

Како и секоја година, во календарот и на оваа сезона во Европскиот шампионат на ридски патеки се наоѓаат 12 трки. Тешка и макотрпна е сагата на ридски патеки. Бевме, видовме, почувствувме… Од тргнувањата, преку тркачкиот викенд, па се до враќањето. Секоја секунда е напорна. Како гледачи можеби е полесно, но како дел од тим кој се бори за Европска титула е се само не лесно.

Оваа сезона повторно се 12 трки на програмата, но само распоредот е изменет, како и две променети трки. Шампионатот започнува на Рехберг во Австрија (почесто беше втора трка во календарот), а завршува спектакуларно како и многу години на назад, на незаминливиот спектакл на Бузет во Хрватска. Промени има на Италијанската трка која овој пат ќе се одржи на добро познатата Тренто Бондоне, додека Француската Кол Сен Пиер е заменета со Мон Дор.

Очекувајте многу возбудувања оваа сезона, но и навремени најави и резултати на brzkrug.com

Check Also

TCR Европа: Голема победа за Андреас Бекмен на Ошерслебен

Шведскиот возач Андреас Бекмен дојде до голема победа, прва во неговата кариера во ова натпреварување, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *