Tuesday , July 17 2018
Home / Latest Articles / ETCC: АКК Stefanovski Racing пристигна на Монца; што да очекувате денес…

ETCC: АКК Stefanovski Racing пристигна на Монца; што да очекувате денес…

Брзи вести директно од Монца

После вчерашното пристигнување на тимот на Игор Стефановски, подготовките започнаа веднаш. Краток брифинг одржа тимскиот менаџер Мирослав Растовиќ, кој ја распредели работата на секој од членовите во тимот. Исто така се зборуваше за тактиката тимот, но беа изнесени и детали околу автомобилот. Интересно, но не баш во ред е тоа што ФИА доста доцнеше со конечната листа на пријави за Европскиот туринг куп, бидејќи автомобилите со TCR спецификации беа забранети за овој шампионат, но сепак после долги разглобувања и преговори, автомобилите со TCR спецификации беа дозволени, за потоа листата на возачи официјално да биде објавена.

На стартот ќе се појават 11 возачи. Унгарскиот Zengo Motorsport покрај WTCC програмата, се наоѓа и во ETCC со дури три автомобили и тоа за Анет Георги, Норберд Наџ и Золт Давид Сабо (Seat Leon). Потоа тука се Српскиот Lеin Racing со бившиот тимски колега на Стефановски, Фабио Мота, додека другиот возач е младиот Младен Лалушиќ (Seat Lеon). Исто така со двајца возачи е и Швајцарскиот тим Rikli Motorsport со Петер Рикли и Кристјоханес Шрајбер (Honda), додека со по еден возач се Stefanovski Racing со Игор Стефановски (Seat Leon), Германскиот Pfister Racing Team со Андреас Фистер (Seat Leon) и изненадување во Европскиот куп е Бугарскиот тим Kraf Racing со Пламен Кралев (Audi RS LMS). После објавената листа на возачи сега веќе и дефинитивно е дека класата S1600 е откажана од Европскиот туринг куп…

Денес на програмата се тестирањата во два дела од по 45 минути. Првиот тест започнува во 14:15 и трае до 15:00 часот, додека вториот тест е од 15:15 до 16:00 часот. Очекувајте информации од денешниот тест!

Check Also

WTCR Словакиаринг: Доминацијата на Hyundai на квалификациите, се претвори во доминација на VW групацијата на првата трка

На доста топло време денес, на патеката Словакиаринг крај Братислава се одржа првата трка од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *