Sunday , January 21 2018
Home / Latest Articles / ETCC Вила Реал: Втората трка откажана; Победник Золт Сабо, Стефановски трет

ETCC Вила Реал: Втората трка откажана; Победник Золт Сабо, Стефановски трет

После откажувањето на втората трка од Европскиот туринг куп во Португалија на градската патека Вила Реал, Золт Сабо се запиша како победник, на кого ова му е прва победа во Европскиот туринг куп. Во само еден круг имавме два силни удари за Наѓ и за Шрајбер. Но ударот на Шрајбер беше фатален за заштитната ограда која мораше да се промени за да продолжи тркачкиот ден и неколкуте шампионати кои треба да се возат денес. Поради потребното време и запазувањето на распоредот, втората трка мораше да биде откажана, а возачите ќе добијат по половина поени за поредокот во кој завршија во моментот кога трката беше откажана.

Сабо успеа да ја задржи првата стартна позиција на стартот, додека Младен Лалушиќ кој стартуваше од втората позиција поради правилата на обратен грид, потона назад откако имаше многу лош старт, а Пламен Кралев беше оној кој успеа да се најде на втората позиција. Шрајбер иаше перфектен старт, тргнувајќи од 11-тата позиција и пристигнувајќи на третата, но трката набргу беше прекината поради ударот на Норберт Наѓ со неговиот SEAT со број 8 во бариерите поради негова грешка. Трката продолжи после 4-тиот круг после повлекувањето на безбедносниот автомобил, со Сабо кој успеваше да се одбрани од Кралев, додека Шрајбер започна да паѓа позиции на назад поради механички проблеми.

Потоа Швајцарецот на почетокот од 5-тиот круг се удри во заштитната ограда оштетувајќи ја, поради што повторно на патеката мораше да излезе безбедносниот автомобил. Поради потребното време за поправки трката беше прекината, со помалку од 75% извозени. Возачите добија по половина број на поени, а моментално Фулин се најде во водство во генерален пласман со 57 поени, пред Кристјоханес Шрајбер за 13 поени поназад. Следната трка е на патеката Золдер во Белгија на 17-ти септември.

Вака завршија возачите во втората трка пред да биде откажана:

Check Also

Koj Honda Civic Type R e подобар? EP3 против FN2 против Mugen против FK2 против FK8

Во следново видео ќе видите навистина интересна споредба помеѓу сите досегашни Honda Civic Type R. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *