Thursday , October 19 2017
Home / Latest Articles / ETCC: Петр Фулин е новиот шампион во Европскиот туринг куп за 2017!

ETCC: Петр Фулин е новиот шампион во Европскиот туринг куп за 2017!

Во доста интересна и крајно возбудлива втора трка на патеката Мост во Чешка, Петр Фулин со победа ја освои титулата оваа година во Европскиот туринг куп

Тој воедно ја искористи борбата која се водеше позади него помеѓу Кралев, Наѓ и Стефановски, а тоа резултираше со поголема предност за Фулин. Позади Фулин завршија Кралев, Наѓ, Фулин Јуниор, Стефановски, Нимц, Мота, Фистер, Георги, Чизек, Ласкиевич и Рикли.

Стефановски ја поведе трката според правилата на обратен грид од пласманот од првата трка, но падна на петтата позиција во вториот дел од трката. Долгоочекуваната победа е во рацете на Петр Фулин, иако беше доста неизвесно и покрај тоа што тој водеше во генералниот пласман.

Check Also

MotoGP: Довициозо во последниот круг ја доби битката за Јапонското Гран При

Андреа Довициозо се доближи до лидерот во генерален пласман кај возачите, Марк Маркез, после борбата …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *