Saturday , December 16 2017
Home / Latest Articles / ETCC: Петр Фулин најбрз на слободниот тренинг на Мост

ETCC: Петр Фулин најбрз на слободниот тренинг на Мост

Денес на слободниот тренинг на патеката Мост во Чешка каде се одржува последната рунда од Европскиот туринг куп, домашниот возач Петр Фулин успеа да направи најбрзо време, кој беше за речиси две десетинки побрз од нашиот возач и ривал за титулата Игор Стефановски, додека како трет најбрз беше бугарскиот возач позади воланот на Audi, Пламен Кралев.

Норберт Наѓ успеа да извози четврто најбрзо време позади воланот на Seat-от на Zengo Motorpsort, пред исто така претендентот за титулата Кристјоханес Шрајбер во неговата Honda Civic TCR. Вацлав Нимч успеа да направи петто време позади воланот на неговиот Golf GTI TCR, пред Младен Лалушиќ (SEAT) и Петер Рикли.

Петр Фулин Јуниор и Фабио Мота ги заокружија топ 10-те. Акцијата ќе продолжи утре со вториот слободен тренинг кој ќе стартува од 9:40 часот, а ќе трае 45 минути.

Фото: ETCC Media

Check Also

Skoda го слави успехот во WRC2 со Fabia Special Edition

Единствено, штета е што ова не е RS модел… Иако во сообраќајот на патиштата Skoda …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *