Thursday , October 19 2017
Home / Latest Articles / ETCC: Пламен Кралев победник на првата трка, Стефановски осми

ETCC: Пламен Кралев победник на првата трка, Стефановски осми

Бугарскиот возач Пламен Кралев успеа да ја победи првата трка на патеката Мост во Чешка на влажна подлога, кој успеа да заврши пред ривалите за титулата Норберт Наѓ и Петр Фулин

На стартот Шрајбер ја поведе трката, но изгуби контакт со влажната патека во вториот свиок. Оваа ситуација го стави Наѓ како водач на трката пред Фулин, со Стефановски пред Шрајбер, кој брзо го загуби приклучокот од трите Seat-и пред себе. Потоа Фулин го превзема водството во вториот круг и изгледаше доста сигурен на патеката се до седмиот круг. Во седмиот круг Стефановски го нападна Наѓ, но отиде прешироко и го закачи Фулин кој започна да се лизга по патеката, а подоцна го пројде и Наѓ во последниот свиок.

Кралев ја искористи борбата која ја имаа Фулин, Наѓ и Стефановски приближувајќи се за борба за водство. Во 9-тиот круг Стефановски беше казнет со проаѓање низ бокс, за инцидентот со Фулин, а воедно и ја загуби борбата за титула, иако ќе стартува од пол позицијата на втората трка. Кралев ја победи трката пред Наѓ и Фулин, пред Шрајбер и Петер Рикли кој ги комплетираше топ 5-те. Во топ 10 завршија Петр Фулин Јуниор, Вацлав Нимц, Игор Стефановски, Младен Лалушиќ и Петр Чизек.

Check Also

MotoGP: Довициозо во последниот круг ја доби битката за Јапонското Гран При

Андреа Довициозо се доближи до лидерот во генерален пласман кај возачите, Марк Маркез, после борбата …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *