Saturday , December 16 2017
Home / Latest Articles / ETCC: Стефановски задоволен од денешниот тест: „Ми се допаѓа енергијата во тимот!“

ETCC: Стефановски задоволен од денешниот тест: „Ми се допаѓа енергијата во тимот!“

Како што претходно ве известивме денес беа возени два тренинзи од по 45 минути во кои возачите за прв пат имаа прилика да се запознаат со условите, како и со патеката. Некои од нив имаат искуство на оваа патека, но не и Иџе.

На првиот тест Петер Фулин имаше најбрзо време од 2:01.238, кое го постигна во 10-тиот круг. Младен Лалушиќ од Lein Racing заостануваше за 0.306 секунди, додека како трет најбрз беше Петер Рикли од Rikli Motorsport со заостанување од 0.568 секунди. На првиот тест Стефановски имаше четврто време, а беше поназад од Фулин за 0.765 секунди, додека во топ 5-те заврши Кристјоханес Шрајбер со заостанување од 0.909 секунди. Позади нив завршија Фабио Мота, Андреас Фистер Анет Георги и Бугарскиот возач Пламен Кралев.

Но на вториот тест работите се променија, но и времињата беа симнати. Иако Петер Фулин пак беше најбрз (2:00.639), Стефановски беше веднаш зад него со заостанување од само 0.096. Ако го земеме фактот дека Иџе возеше со 30 килограми повеќе од другите возачи, можеме да бидеме доста задоволни со неговите перформанси иако имаше мали проблеми со автомобилот, кои подоцна беа решени. Позади Стефановски како трет најбрз беше Петер Рикли кој заостана зад Фулин за 0.909 секунди, додека Шрајбер и Лалушиќ ги заокружија топ 5-те. Кралев не успеа да г заврши вторите тренинзи поради механички дефект.

„Како прво и најважно презадоволен сум од позитивната енергија во тимот. Добро сме координирани, но можеме уште подобро. Ова сепак е прв пат што сме како целина, а верувам дека веќе утре ќе бидеме уште подобри. Имавме мали проблеми кои ги решивме, но со оглед на тоа дека сме нов тим функционираме доста добро. Утре на ред се квалификациите и ќе дадеме се од себе за да се квалификуваме на што повисока позиција. Се надевам на најдобро.“ – изјави Стефановски.

Стефановски и останатите возачи кои возат автомобили од VW групацијата ќе мораат да возат со +60кг, што е голема разлика во споредба со двата Honda автомобили на Рикли и Шрајбер. Но сепак останува да поминат квалификациите и да се најде вистинската тактика која носи победи. До утре…

Check Also

Skoda го слави успехот во WRC2 со Fabia Special Edition

Единствено, штета е што ова не е RS модел… Иако во сообраќајот на патиштата Skoda …

One comment

  1. Bravo za celiot tim i Idže, golema podrška za kvalifikaciite i očekuvame podium vo nedela!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *