Saturday , September 23 2017
Breaking News
Home / Latest Articles / ETCC: Стефановски притиска за титула оваа година; следна трка Золдер-Белгија

ETCC: Стефановски притиска за титула оваа година; следна трка Золдер-Белгија

После отсуство од една година, белгискиот домаќин на Ф1 и оваа година влезе како домаќин на Европскиот туринг куп

И оваа година како и во 2015, патеката Золдер е претпоследна рунда во Европскиот туринг куп. Оваа патека е отворена 1963 година како прва тркачка патека во Белгија, но засекогаш ќе остане поврзана со смртта на легендарниот Ф1 возач Жил Вилнев кој го загуби животот подлегнувајќи им на повредите од катастрофалната незгода која се случи на квалификациите во 1982-та година. Иако Ф1 караванот престана да доаѓа на оваа патека, Золдер остана како предизвик за многу автомобилски и мото шампионати кои се одржуваат до денешен ден.

Речиси сите возачи кои возат викендот кој следува, имаат искуство на оваа патека, но не и македонскиот натпреварувач Игор Стефановски. Тоа не е причина за да не се бори за титулата оваа година, иако супер брзиот и искусен Чешки возач Петeр Фулин ќе направи се за оваа година да дојде до титулата која неколку години за “влакно” му бега од рака. Фулин е моментално водечки во генералниот пласман кај возачите со 57 поени, додека веднаш зад него за 13 поени поназад е Крисјоханес Шрајбер со 44 поени. Третата позиција ја делат Норберт Наги и Игор Стефановски со по 42 поени. Поради оваа бодовна состојба слободно можеме да кажеме дека титулата за Стефановски и не е така недостижна.

Но што изјави тој за официјалниот сајт на Европскиот туринг куп…

“Кога ќе погледнам наназад низ што се поминавме како тим, прекрасно е што сме на третата позиција и барем математички имаме шанси за титула. Многу научивме од искуството кое го имавме, но и од она што го гледавме од другите тимови. Прогресот се гледа од далеку. На првата трка нашата најголема надеж беше да влеземе во поени, а на последната трка во Португалија успеавме да се искачиме на подиум во двете трки. Сите сме подготвени да се бориме за титулата во последните две рунди, а со малку среќа, ќе ја зграбиме шансата ако ни се пружи.” – изјави Стефановски.

 Фото: Александра Јурдана

Но пред Золдер се огласи и Мирослав Растовиќ, тимскиот менаџер на тимот на Стефановски:

“После долгата пауза на сите почнаа да ни фалат трките. За сите нас Золдер е нова патека. Затоа ќе мораме максимално да ги искористиме тренинзите што десега ни беше малку проблематично бидејќи не тестираме поради слабите финансии. Згора на се, според прогнозата гледам дека се најавува дожд, а ќе биде многу тешко да се подготвиме и за суво ако нема дожд во недела на трките што претставува огромен предизвик за сите нас. Не чувствувам притисок за тоа дека странските медиуми пишуваат дека сме фаворити од сенка. Тоа повеќе ми звучи како комплимент бидејќи стварно резултатски ги надминавме финансиските можности. Секако се надевам дека со малку среќа ќе можеме да продолжиме со добри резултати.” – изјави Растовиќ.

Претпоследната рунда на Золдер ќе се одржи од 15 до 17 септември, додека распоредот е следниот:

Петок 15 септември – 1 тест 14:05-14:50, 2 тест 15:40-16:25

Сабота 16 септември – Слободен тренинг 10:20-11:05, квалификации 14:45-15:15

Недела 17 септември – 1 трка 13:05-13:50 (13 круга), 2 трка 14:10-14:40

Check Also

Мартин Делев после пехарот во Краљево, настапува во Кичево

После крајно возбудливиот викенд на патеката Берановац крај Краљево, но и освоениот пехар за третата …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *