Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / F1: Алонсо: МcLaren ќе ги предизвика врвните три тима
Albert Park, Melbourne, Australia. Sunday 25 March 2018. Fernando Alonso, McLaren MCL33 Renault, leads Stoffel Vandoorne, McLaren MCL33 Renault. Photo: Glenn Dunbar/McLaren ref: Digital Image _31I9673

F1: Алонсо: МcLaren ќе ги предизвика врвните три тима

По финиширањето на 5-тата позиција на денешната трка во Австралија, Фернандо Алонсо вели дека неговиот тим McLaren ќе ги предизвика врвните три тима во текот на оваа сезона.

Колку се веројатни овие закани на Алонсо, останува да видиме во следните трки од оваа сезона.

“Мораме да започнеме да гледаме на врвните три тима. Знаеме какви надградби доаѓаат за нашиот болид за трките во Бахреин, Кина и Шпанија.” – изјави Алонсо.

Со него се согласува и тимскиот шеф на Mclaren, Ерик Булие:

“Имаме неколку нови делови за нашиот болид што не можевме да ги користиме овде во Австралија. Тие ќе бидат достапни на следните неколку трки. Знаеме дека ни се потребни повеќе перформанси за да се искачиме погоре во поредокот, но знаеме и дека нашиот болид има голем потенцијал.”

 

 

Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *