Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / F1: Алонсо не е изненаден од брзината на “копијата на Ferrari”

F1: Алонсо не е изненаден од брзината на “копијата на Ferrari”

Возачот на McLaren F1, Фернандо Алонсо, вели дека не е изненаден од брзината на Haas F1 бидејќи нивниот болид е копија на оној на Ferrari.

По првиот тренинг во Австралија на сите им стана јасно дека “најдобриот помеѓу останатите” е болидот на Haas F1 и дека американскиот тим е главниот конкурент за 4-тата позиција во годинешниот шампионат. Возачот на Haas F1, Ромен Грожан, вториот слободен тренинг го заврши на 6-тата позиција со предност од цела секунда пред Алонсо и неговиот Mclaren MCL33.

“Нивниот болид е целосна копија на минатогодишниот болид на Ferrari, кој што минатата сезона победи на оваа патека. Haas изгледаат многу брзи и тие се наоѓаат веднаш позади врвните 3 тима. Ќе биде многу тешко за да ги победиме, особено на оваа трка и во првиот дел на сезоната.” – изјави Алонсо.

“Но, ние ќе се обидеме да бидеме близу и да ја искористиме секоја шанса што ќе ја имаме.” – додаде тој.

Со Алонсо се согласува и возачот на Renault F1, Карлос Сајнц:

“Тие беа многу брзи и на претсезонските тестирања и ги држевме на око бидејќи беа навистина многу, многу брзи. Се чини дека се еден чекор пред сите во средниот поредок и многу близу до врвните 3 тима.”

 

Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *