Friday , August 14 2020
Home / Latest Articles / F1: Баричело се опоравува во болница

F1: Баричело се опоравува во болница

Поранешниот возач во Формула 1, Рубенс Барикело, вели дека “се чувствува одлично” додека се опоравува во болница, каде што беше примен на почетокот од оваа недела.

Поранешниот Ф1 возач на Ferrari, Honda, Brawn GP и Williams, кој што го напушти спортот на крајот од сезоната 2011, постираше објава на Инстаграм во која што објаснува дека бил однесен во болница поради страшна главоболка. Баричело ќе биде подложен на уште неколку тестови, но тој вели дека веќе се чувствува многу подобро.

“Добивам пораки од сите страни и сите се загрижени за мене. Долго време немав постирано слика, па затоа решив да ви се обратам. Во неделата се разбудив и сакав да се туширам, но почувствував страшна главоболка. За среќа, мојата жена беше покрај мене и го повика фамилијарниот доктор, по што бев пренесен во болница. Имав мал проблем со една вена, но сега се чувстувам одлично.” – објасни Баричело

“’Ќе бидам подложен на уште неколку тестирање, но навистина се чувстувам одлично. Тешкотиите во животот не учат како да бидеме подобри личности. Сакам да му се заблагодарам на Бог и да ви кажам дека многу наскоро ќе се вратам на тркачката патека.” – додаде тој.

🙏🏻gratitude🙌🏻🙌🏻🙌🏻#englishversion

A post shared by Rubens Barrichello 1️⃣1️⃣1️⃣ (@rubarrichello) on

Check Also

МотоГП: Историска победа за КТМ и дебитантот Бред Биндер

Јужно Африканскиот возач Бред Биндер дојде до убедлива и неверојатна победа на патеката Брно во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *