Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / F1: Болидот на Сена од 1984 Монако Гранд При оди на аукција

F1: Болидот на Сена од 1984 Монако Гранд При оди на аукција

Toleman-Hart TG184-2, болидот со кој што Аиртон Сена стигна до 2-та позиција на Гранд При трката во Монако во далечната 1984 година, оди на аукција.

Овој болид беше дел од една легендарна трка, која што имаше многу контраверзен крај. Оваа трка беше прекината по само 31 круг од предвидените 76 поради многу силни врнежи од дожд. И покрај тоа што Сена успеа да го претекне Алан Прост и да стане лидер во трката, за конечен резултат беше земен оној од предходниот круг и победата му припадна на Французинот. Пред прекинувањето на оваа трка и покрај тоа што Сена возеше второкласен болид, тој беше 3 секунди по круг побрз од Прост.

Болидот Toleman-Hart TG184-2 ќе се продава на аукцијата што ќе се одржи во Монако на 11-ти мај. На оваа аукција ќе се продаваат уште неколку други болиди помеѓу кои и оној на Сена со кој што стигна до својата последна победа во Монако во 1993-та – McLaren MP4/8A. Се очекува овој болид да достигне цена поголема од 1 милион фунти.

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *