Wednesday , May 23 2018
Home / Latest Articles / F1: Ботас го заврши тестот во Шпанија како најбрз

F1: Ботас го заврши тестот во Шпанија како најбрз

Возачот на Mercedes AMG F1, Валтери Ботас, го заврши дводневниот тест во Шпанија како набрз.

Финецот успеа да комплетира 139 круга и да извори БРЗ КРУГ со време од 1:16.904. И покрај што денешните услови на патеката беа полоши од вчерашните, поради пониските температури, возачите беа многу побрзи од вчера и своите најдобри резултати ги поставија во првите часа од денешната тест-сесија.

На 2-та позиција се најде тест-возачот на Ferrari, Антонио Гиовинаци, кој што успеа да извози најмногу кругови, вкупно 148. 3-то најдобро остварување со време од 1:18.039 постигна тест-возачот на McLaren, Ландо Норис. На 4-тата позиција се најде Кевин Магнусен од Haas F1, пред Никита Мазепин од Force India и Џек Аеткин од Renault. На 7-та позиција се најде младата надеж на Ferrari, Чарлс Леклерк, возејќи го болидот на Alfa Romeo Sauber, пред Роберт Кубица од Williams и Пјер Гастли од Toro Rosso.

Топ 10 беше заокружен со Стофел Вандорн од McLaren, кој што во текот на денешниот ден тестираше за Pirelli и нивните нови компоненти.

Check Also

MotoGP: Победа за Маркез, Довициозо и Зарко не ја завршија трката

Актуелниот Мото ГП шампион и возач на Repsol Honda, Марк Маркез, успеа да победи на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *