Sunday , January 26 2020
Home / Latest Articles / F1: Ботас најбрз, Ферстапен заврши во ѕидот на првиот тренинг во Баку

F1: Ботас најбрз, Ферстапен заврши во ѕидот на првиот тренинг во Баку

Возачот на Mercedes AMG F1, Валтери Ботас, беше најбрз на првиот слободен тренинг за уличната трка во Баку.

Ботас беше за само 0.035 секунди побрз од победникот на минатата трка, Даниел Рикардо од Red Bull Racing. Трет најбрз на овој тренинг беше Серџо Перез од Force India, a на 4-тата позиција со заостанување од скоро една секунда позади својот тимски колега се најде Луис Хамилтон. Force India го потврди своето добро темпо и со Естебан Окон, кој што се најде на 5-тата позиција.

На 6-тата позиција се најде Макс Ферстапен од Red Bull Racing, кој што немаше баш добар тренинг. Младиот Холанѓанец беше принуден пред време да го заврши својот тренинг бидејќи во свиокот број 5 ја загуби контролата на задниот дел од својот болид и заврши во ѕидот. Тој успеа да комплетира само 11 кругови.

На 7-та позиција се проби Фернандо Алонсо од McLaren, пред Сергеј Сироткин од Williams и Пјер Гестли од Toro Rosso. Топ 10 беше заокружен со актуелниот лидер во генералниот поредок, Себастијан Фетел.

И неговиот тим Ferrari немаше баш добар почеток на овој тркачки викенд. Фетел успеа да комплетира само 16 кругови, додека неговиот тимски колега Кими Раиконен само 10. Поголемиот дел од овој тренинг, Финецот беше принуден да го помине во својата гаража поради приблем со сопирачките на задните тркала.

Оваа сесија беше прекината само еднаш поради судирот на Ферстапен со бариерата во свикот број 15, но многумина од возачите имаа мали излетувања поради нивното возење на границата низ тесната улична патека во Баку.

Резултати од првиот слободен тренинг за Големата Награда на Азербејџан:

Check Also

WRC Монте Карло: Катастрофалното излетување на актуелниот шампион От Танак (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Светскиот рели шампионат От Танак не ја започна сезона како што очекуваше. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *