Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / F1: Браун: Ф1 болидите мораме да ги направиме полесни

F1: Браун: Ф1 болидите мораме да ги направиме полесни

Рос Браун, управниот директор на Формула 1, вели дека Ф1 болидите мора да загубат од својата тежина.

И покрај тоа што овогодинешните Ф1 болиди се побрзи од било кога досега, многумина инволвирани во овој спорт како што се Роберт Кубица и Педи Лов го критикуваат зголемувањето на нивната тежина во текот на последната деценија. Со нив се согласува и управниот директор на овој спорт, Рос Браун:

“Тежината на Ф1 болидите мора и ќе биде редуцирана. Колку потешки се болидите, толку повеќе ги трошат гумите и горивото.”

“Имајќи ја во предвид новата хибридна технологија на моторите, многу е нереално да мислиме дека можеме да се вратиме на тежината од 500 килограми. Но таму каде што се наоѓаме во овој момент, 733 килограми се премногу за еден Ф1 болид. Оваа тежина не е многу поразлична од онаа на спортските автомобили.”

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *