Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / F1: Вебер: Доколку Алонсо беше претендент за Ф1 титула, немаше да се трка во WEC

F1: Вебер: Доколку Алонсо беше претендент за Ф1 титула, немаше да се трка во WEC

Поранешниот Ф1 возач Марк Вебер му се восхитува на Фернандо Алонсо поради неговиот обид да ја освои тројната моторспорт круна.

Сепак, потпирајќи се на своето искуство во WEC шампионатот и колку напорно е тркањето во оваа серија, Австралиецот се сомнева во можноста на Алонсо да учествува во битката за Ф1 титулата во оваа сезона.

“Доколку McLaren можат да бидат дел од битката за титулата, тогаш мислам дека Алонсо немаше да си ја троши енергијата во други тркачки серии. За него ќе биде навистина добро да се натпреварува во Ле Ман 24 Часа и целосно ќе ужива во тоа, но незнам каде се McLaren во целата оваа приказна.” – изјави Вебер.

“Сега, поради намалениот број тестирања во Ф1 постои можност за учество и во другите тркачки серии, но доколку тој се бореше за титулата во Ф1 никогаш немаше да помисли на WEC.” – додаде тој.

 

Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *