Wednesday , August 5 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Виладелпрат: McLaren избрза со одлуката за Honda

F1: Виладелпрат: McLaren избрза со одлуката за Honda

Поранешниот Ф1 инженер Жоан Виладелпрат вели дека одлуката на McLaren да се раздели со Honda била избрзана и погрешна.

Поранешниот инженер на познатите Ф1 тимови McLaren, Ferrari, Benetton и Prost вели дека McLaren требало да ја продолжи својата соработка со Honda.

“Мислам дека нивната одлука беше избрзана и дека ќе ги изгубат сите бенефиции што ги имаа со Honda. Кога немате фабричка поддршка од својот добавувач на агрегати, тогаш имате многу ограничувања, особено кога станува збор за Renault. Мислам дека тие ќе бидат водени од француската гордост и сигурно ќе сакаат да ги победат McLaren.” – изјави Виладелпрат.

“Мислам дека болидот на McLaren е многу развиен во поглед на аеродинамиката, но до крајот на годината Renault ќе бидат побрзи од нив. Париз не инвестира толку многу пари доколку нема сопствени амбиции. Не се сомневам дека Фернандо ќе се искачи на подиумот, но тоа ќе биде нивниот максимум.” – додаде тој.

Виладелпрат исто така верува во успешна соработка помеѓу Toro Rosso и Honda:

“Мислам дека Toro Rosso ќе биде на исто ниво со McLaren и Renault. Знам дека совршено се соединети со Honda и сакаат овој проект да биде 100% успешен, а истото го сака и Red Bull. Сигурен сум дека Red Bull од 2019-та ќе го користат моторот на Honda, па затоа ќе им помогнат во неговиот развој на секој можен начин. Honda има огромен потенцијал, само им треба некој кој што ќе им помогне да го реализира.”

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *