Wednesday , August 5 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Волф: Хамилтон може да го напушти Mercedes и да премине во Ferrari

F1: Волф: Хамилтон може да го напушти Mercedes и да премине во Ferrari

И покрај тоа што Тото Волф би сакал Луис Хамилтон да ја заврши својата Ф1 кариера како возач на Mercedes, тој нема да биде изненаден доколку актуелниот шампион премине во Ferrari.

Гласините од Ф1 падокот велат дека Хамилтон е многу близу до потпишувањето на новиот договор со Mercedes и тоа најверојатно ќе се случи во текот на следнава недела. Новиот договор помеѓу Mercedes и Хамилтон ќе биде за две сезони и секоја од нив ќе тежи по 40 милиони долари.

Како и да е, тимскиот шеф на Mercedes; Тото Волф, вели дека ова е можеби последниот договор на Хамилтон со Mercedes:

“Луис е најдобријот возач во сегашната генерација. Затоа, ние сакаме да го задржиме во нашиот тим до крајот на неговата кариера. Сепак, мислам дека има уште еден договор по новиот со Mercedes до завршувањето на неговата кариера и мислам дека тој договор ќе биде со Ferrari. Секој Ф1 возач сака да вози за Ferrari.”

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *