Wednesday , April 24 2019
Home / Uncategorized / F1: Главниот дизајнер на Ferrari преминува во Alfa Romeo Sauber!

F1: Главниот дизајнер на Ferrari преминува во Alfa Romeo Sauber!

Главниот дизајнер на Ferrari, Симон Реста, на крајот од овој месец ќе си замине од Маранело за да стане технички директор на Alfa Romeo Sauber.

Официјалната титула на Реста во Ferrari беше шеф за координација во проектите за возила, но во последните четири години ја извршуваше улогата на главен дизајнер. Тој стана дел од тимот на Ferrari уште во далечната 2001 година, а својата Ф1 кариера ја започна три години предходно во Minardi.

Alfa Romeo Sauber неодамна се раздели од својот технички директор Јерг Зандер и тимскиот шеф за негова замена најави ангажирање на големо име од овој спорт. Својата улога во Alfa Romeo Sauber, Реста официјално ќе ја започне на први јули.

Check Also

WRC Монте Карло: Танак се поблиску до Ожие

Предноста на Себастиен Ожие се стопи на 14.9 секунди после негова грешка, а тоа му …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *