Wednesday , May 23 2018
Home / Latest Articles / F1: Грожан доби казна за предизвиканиот судир
www.sutton-images.com Romain Grosjean (FRA) Haas VF-18, Nico Hulkenberg (GER) Renault Sport F1 Team RS18 and Pierre Gasly (FRA) Scuderia Toro Rosso STR13 crash on lap one at Formula One World Championship, Rd5, Spanish Grand Prix, Race, Barcelona, Spain, Sunday 13 May 2018.

F1: Грожан доби казна за предизвиканиот судир

Возачот на Haas F1, Ромен Грожан, доби казна за предизвиканиот судир на почетокот од Шпанското Гранд При.

На стартот од следната трка во Монако, Грожан ќе мора да оди три места наназад од освоената позиција во квалификациите. Тоа е казната што ја доби поради предзвиканиот инцидент на стартот од вчерашната трка во Шпанија, во кој што ни криви, ни должни, настрадаа Нико Хулкенберг од Renault и Пјер Гастли од Toro Rosso Honda.

Исто така возачот на Haas доби два казнени поени на својата супер-лиценца. Тој во моментов има пет казнени поени на својата супер-лиценца. Доколку дојде до дванаесет, тогаш ќе следи забрана за учество во еден Гранд При викенд. Казнените поени имаат важност од една година, потоа се бришат.

Check Also

MotoGP: Победа за Маркез, Довициозо и Зарко не ја завршија трката

Актуелниот Мото ГП шампион и возач на Repsol Honda, Марк Маркез, успеа да победи на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *