Wednesday , May 23 2018
Home / Latest Articles / F1: ЕКСКЛУЗИВНО: Haas е првиот Ф1 тим што го претстави својот болид (ВИДЕО)

F1: ЕКСКЛУЗИВНО: Haas е првиот Ф1 тим што го претстави својот болид (ВИДЕО)

Haas F1 е првиот тим што го претстави својот нов болид, VF-18, што е и првиот на кој што можете да го видите “Хејло” безбeдносниот систем.

Откривањето се случи денес пред , он-лајн, со кратко видео на Tweeter.

“Најголемиот дел од еволуцијата на нашиот болид беше имплементирањето на “Хејло” безбедносниот систем. Нашите аеродинамичари потрошија многу време на интегрирањето на овој дел, но и инженерите имаа тешка задача да го интегрираат во шасијата за да може да го издржи пропишаниот терет.” – изјави тимскиот шеф на Haas, Гинтер Штајнер.

Американскиот тим, кој што ги користи агрегатите на Ferrari, си зацрта многу висока цел за оваа сезона: да биде само за половина секунда поспор од својот добавувач на агрегати. Дали ќе може тоа да го спорведе во пракса? Останува да видиме кога ќе започне новата сезона во Австралија.

Check Also

MotoGP: Победа за Маркез, Довициозо и Зарко не ја завршија трката

Актуелниот Мото ГП шампион и возач на Repsol Honda, Марк Маркез, успеа да победи на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *