Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / F1: Зошто болидот на Ferrari испушта црн чад? (ВИДЕО)

F1: Зошто болидот на Ferrari испушта црн чад? (ВИДЕО)

Во текот на претсезонските тестирања бевме сведоци на еден чуден феномен, од болидот на Ferrari излегуваше големо количество црн чад!

Секогаш кога болидот на Ferrari ја напушташе гаражата и се упатуваше на патеката, од задниот дел излегуваше големо количество на црн чад, онаков како кога согорува масло. Па, што се случуваше и која е причината за тоа?

На ова прашање ќе се обиде да ни одговири Тед Кравиц, еден од специјалистите во Ф1 вработени во “Скај Спорт”:

“Сите болиди што го користат моторот на Ferrari имаат правоаголен отвор кој што се наоѓа под светлото за дожд, во внатрешноста на структурата за зашита од судир. Тоа е таму за да го собира вишокот на масло што се исфрла од моторот. Исфрлањето масло е вообичаена појава на секој мотор со внатрешно согорување, но новите правила во Формула 1 забрануваат враќање на ова масло назад во моторот. Тоа сугерира дека Ф1 тимовите предходно го правеле тоа, со што добивале повеќе моќ. Она што е невообичаено е фактот што болидите со мотор на Ferrari исфрлаат многу повеќе масло од оние со мотор на Renault и Mercedes.”

“Според информациите во пит-лејнот, моторот на Ferrari троши многу повеќе масло од оние на Mercedes и Renault. Тоа нема никаква врска со новото правило кое што дозволува согорување на 1.8 литри масло во една трка. Тука станува збор за масло што согорува внатре во комората за согорување. Причината за црниот облак од чад е искористеното масло од моторот.” – заклучи Кравиц.

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *