Wednesday , August 5 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Зошто предницата на новиот болид на Ferrari му одговара на Раиконен?

F1: Зошто предницата на новиот болид на Ferrari му одговара на Раиконен?

Техничкиот аналитичар на Моторспорт ТВ, Крег Скарборо, објаснува зошто Кими Раиконен има многу добри перформанси со новиот болид на Ferrari.

Добрата форма на Раиконен се должи на решението на Ferrari да го напушти концептот на сложена суспензија на новиот SF71H. На првата трка во Австралија, Финецот успеа да се квалификува во првиот ред и беше главниот ривал на Хамилтон во поголемиот дел од трката. Фетел беше поспор и успеа да стигне до победата благодарение на стратегијата и среќните околности на патеката.

Скарборо вели дека предната суспензија на Ferrari SF71H му помогнала на Раиконен за да биде побрзиот возач во тимот од Маранело:

“Во споредба со останатите врвни тимови, Ferrari има наједноставна предна суспензија. Останатите тимови си “играат” со аголот на предната суспензија користејќи ја за подобра аеродинамика на болидот. Ferrari се доста конзервативни и затоа нивниот болид има многу добра предница.”

“Ова е многу важно за патеки како онаа во Австралија и за возачи како Раиконен. Кими мора да има доверба во предницата на својот болид за да го искористи неговиот целосен потенцијал. Ова е еден од адутите на Ferrari и се прашуваме како ќе функционира со гумите на различни патеки, при различни температури, со различни компоненти.”

Во истата анализа, неговиот колега Ентони Роулинсон го анализира задниот дел на болидот на Ferrari:

“Задниот дел и задната суспензија на Ferrari се навистина интересни и се во контекст со предниот дел на болидот. Тоа е главниот проблем на Фетел бидејќи тој се уште не може да пронајде добар контакт помеѓу патеката и задните гуми.”

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *