Wednesday , December 12 2018
Home / Latest Articles / F1: Италијанските медиуми го повикаа Ferrari да потпише договор со Рикардо

F1: Италијанските медиуми го повикаа Ferrari да потпише договор со Рикардо

По вчерашната победа на Рикардо во Кина, италијанските медиуми почнаа да бараат од Ferrari да го ангажира возачот на Red Bull по завршувањето на оваа сезона.

Кога станува збор за Ferrari и Формула 1, италијанските медиуми имаа голема моќ и влијателност. Во минатото, тие имаа големо влијание при донесувањето на одлуките на тимот од Маранело. По победата на Рикардо во Кина, кој што е Австралиец со италијанско потекло, следеше бран од позитивни критики и повик кон Ferrari да го ангажира како замена за Кими Раконен.

Алберто Сабатини од “Аутоспринт” напиша:

“Ferrari треба да го ангажира Рикардо. Најдобрата работа за него е тоа што сеуште нема договор за следната сезона. Доколку бев на местото на Марчионе, сериозно ќе ја разгледав можноста за негово ангажирање. Тој е на врвот од својата кариера, зрел возач кој што знае како да донесе поени на својот тим. Фетел и Рикардо ќе бидат најсилната возачка постава во Ф1, Германецот е брз во квалификациите, а Австралиецот е снаодлив во текот на трката. Ризик за проблеми? Да, ама тие веќе не се деца како што беше кога беа заедно во Red Bull.”

Лука Бодел од “Спорт Медијасет” напиша:

“Додека Макс и понатаму останува да биде потенцијален феномен, Рикардо е тој кој што победува трки за Red Bull. Тој е возач што го заслужува вниманието на Ferrari.”

Пјеро Ладиса од “Мотори Онлајн” напиша:

“Рикардо е слободен од следната сезона и Ferrari е помеѓу тимовите што се интересираат за него. Доколку дојде во Ferrari, тој и Фетел ќе бидат најдобрата возачка двојка во Формула 1.”

Лео Турини, кој што се смета за многу близок со Ferrari, во својата колумна за “Куотидиано” напиша:

“Не дека беше потребно, но неговата победа во Кина со сите неверојатни претекнувања уште повеќе ја крена неговата цена. Red Bull се решија нивната иднина да ја фокусираат на Макс Ферстапен, што не му се допаѓа на Рикардо и затоа сеуште нема потпишано договор со нив. Знаеме дека веќе имал преговори со Ferrari и Mercedes.”

 

Check Also

WTCR: Hyundai ги потврди четирите возачи за следната сезона

После кратките шпекулации за тоа кој ќе биде дел од силниот тим кој победува, сега …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *