Wednesday , May 23 2018
Home / Latest Articles / F1: Италијанските медиуми реагираат поради третманот на Раиконен во Ferrari

F1: Италијанските медиуми реагираат поради третманот на Раиконен во Ferrari

Италијанските медиуми почнаа да реагираат поради очигледниот третман на Кими Раиконен од страна на Ferrari како возач број два.

Ветеранот новинар Пино Алиеви од познатиот магазин “Ла Газета Дело Спорт”, вели дека Раиконен оваа сезона има подобри перформанси позади воланот на новиот SF71-H, но од страна на неговиот тим е користен како пион за да го заштити Фетел и неговата позиција на патеката.

“Со пит-стопот во Кина, Ferrari го искористи Раиконен за да го успори Ботас и да му овозможи на Фетел да го нападне во битката за 1-та позиција. Со години наназад го критикувавме Раиконен, но од почетокот на оваа сезона тој покажува поинаков дух и не натера да се присетиме на него каков шампион беше. И Ferrari требаше да го забележи тоа.” – напиша Алиеви.

“Наместо тоа, Ferrari го казнува при секоја нивна стратегија и го користи само за поддршка на Фетел. Тоа е голема грешка, која што само може да влијае на моралот и перформансите на Раиконен.” – додаде тој.

Истакнатиот колега на Алиеви, Андреа Кремонези, предупредува дека ова наскоро би можело да влијае на односите во тимот:

“Со таквиот однос спрема Раиконен, се прашувам колку долго ќе може Ferrari да ја задржи хармонијата во тимот.”

Check Also

MotoGP: Победа за Маркез, Довициозо и Зарко не ја завршија трката

Актуелниот Мото ГП шампион и возач на Repsol Honda, Марк Маркез, успеа да победи на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *