Wednesday , July 18 2018
Home / Latest Articles / F1: И Renault го стартување новиот мотор (ВИДЕО)

F1: И Renault го стартување новиот мотор (ВИДЕО)

Следејќи го примерот на Mercedes и Ferrari, Renault Sport F1 за прв пат го стартуваше својот агрегат за сезоната 2018.

Renault R.S.18, моторот кој што во текот на следната сезона ќе го користат Ф1 тимовите на Renault, Red Bull и Mclaren, беше стартуван за прв пат утринава во 00:30 часот. Renault Sport F1 објави видео на Tweeter, во кое што можете да слушнете како звучи новиот агрегат.

“Денес повторно е св. Валентин бејби. Renault Sport со гордост го објавува раѓањето на R.S.18 во 00:30 ова утро. Таа дојде во живот со многу голема радост. Сите нејзини сестрички се многу добро.” – објавија од Renault Sport F1.

Нема никакви најави за перформансите на Renault R.S.18 и до каде стигнале во однос на нивните конкуренти, но доколку ги цениме работите според звукот, мислам дека звучи навистина разочарувачки во однос на Ferrari и Mercedes.

Слушнете сами и проценете:

Check Also

WTCR Словакиаринг: Доминацијата на Hyundai на квалификациите, се претвори во доминација на VW групацијата на првата трка

На доста топло време денес, на патеката Словакиаринг крај Братислава се одржа првата трка од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *