Wednesday , May 23 2018
Home / Latest Articles / F1: Како се прави Ф1 болид (ВИДЕО)

F1: Како се прави Ф1 болид (ВИДЕО)

Во следново видео ќе можете да погледнете одблизу како се прави Формула 1 болид, целиот процес од дизајн до тркачка патека.

Дали некогаш сте се запрашале како се прави Формула 1 болид и колку време е потребно за да се произведе? Техничкиот директор на Toro Rosso Honda, Џејмс Ки, ќе не прошета низ фабриката на неговиот тим во Италија и ќе ни покаже како се прави Формула 1 болид, од скица до неговото прво излегување на патеката.

Се започнува во одделот за дизајн, каде што се прават првите нацрти за тоа како ќе изгледа болидот. Потоа, сите дизајни се префрлаат во компјутерски фајл, јазикот што го разбираат машините за да можат да ги произведат деловите на болидот. Ф1 болидите главно се составени од метали и карбон-фибер и секој еден е составен од 7000 различни делови.

Една од најитересните информации е следнава: карон-фиберот мора да се чува во фрижидер бидејќи има одреден животен век. Како одминува времето, тој ги губи своите карактеристики.

Потоа следи одделот каде што се проверува квалитетот на секој произведен дел. Тука се откриваат сите пропусти што настанале во текот на производството. По проверката на квалитетот на деловите, следи составувањето на болидот.

Да погледнеме како се одвива целиот овој процес:

Check Also

MotoGP: Победа за Маркез, Довициозо и Зарко не ја завршија трката

Актуелниот Мото ГП шампион и возач на Repsol Honda, Марк Маркез, успеа да победи на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *