Friday , August 14 2020
Home / Latest Articles / F1: Како Ф1 возачите одат по нужда за време на трка? (ВИДЕО)

F1: Како Ф1 возачите одат по нужда за време на трка? (ВИДЕО)

Во следново видео ќе се обидеме да стигнеме до заклучок како Формула 1 возачите одат по нужда за време на трка.

Момците од познатиот Youtube канал RacerThoughts се потрудија да најдат одговор на прашањето: како одат по нужда Ф1 возачите за време на трка? Откако ќе го погледнете видеото подолу ќе можете полесно да си го одговорите ова прашање.

Ф1 возачите, како и сите останати профи спортисти, мораат да внесат големо количество на течност пред почетокот на трката бидејќи губат премногу течност преку потењето. Во зависност од трката, тие може да изгубат и до 3 килограми преку губење на течност, па затоа пред трката конзумираат околу 1.5 литри течност. Причината за прекумерното потење е жештината која доаѓа од моторот и радијаторите на болидот, а тие немаат доволна вентилација во нивниото одело и кацигата.

По завршувањето на трката, секој Ф1 возач оди на мерење за да се утврди колку течност загубиле. Но што ако ви кажеме дека еден дел од течноста не ја загубиле преку потење туку преку вршење нужда? Да, тоа се случува понекогаш бидејќи возачите не можат да застанат на сред трка за да одат по нужда. Големиот Михаел Шумахер им има признаено на новинарите дека од време на време оди по нужда во своето одело, кога не може да го дочека крајот на трката.

Исто така за време на минатогодишното Гранд При во Монако, кога Џенсон Батон го замени Фернандо Алонсо поради неговото учество на Инди 500, Алонсо му се обрати на Батон преку тимското радио и го замоли да се грижи за неговиот болид. Батон му одговори:

“Во ред, но ќе морам да одам по нужда на твоето седиште.”

Дали ова беше само шега или тоа е вистината за вршењето нужда за време на трката? На ова прашање никогаш нема да го пронајдеме точниот одговор, но она што можеме да го заклучиме е следново: КОГА СЕ МОРА, СЕ МОРА.

Check Also

МотоГП: Историска победа за КТМ и дебитантот Бред Биндер

Јужно Африканскиот возач Бред Биндер дојде до убедлива и неверојатна победа на патеката Брно во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *