Monday , August 19 2019
Home / Latest Articles / F1 Кина: 1-2 победа за Mercedes на јубилејната 1000-та F1 трка

F1 Кина: 1-2 победа за Mercedes на јубилејната 1000-та F1 трка

Трета 1-2 победа по ред за Mercedes, Хамилтон недостижен…

Луис Хамилтон дојде до сигурна победа на Кинеското Гран При, кое воедно е 1000-та F1 трка, додека позади него на втората позиција заврши неговиот тимски колега Валтери Ботас. Ова беше ден кога Ferrari немаа одговор за Mercedes-ите, но сепак Себастиен Фетел успеа да дојде до третата позиција.

Чарлс Леклерк помина низ целта на петтата позиција позади Макс Верстапен, за што не беше баш задоволен со тимската наредба, додека шести беше Пјер Газли, кој влезе во боксот за нов сет на меки гуми на два круга до крајот, кои му помогнаа да дојде до екстра поен за најбрз круг на трката.

Даниел Рикиардо за прв пат заврши трка оваа сезона и тоа со квалитетна седма позиција, пред Серџо Перез кој имаше силен старт од 12-тата позиција за на целта да помине како осми.

Кими Раиконен во Alfa Romeo заврши на деветтата позиција , додека топ 10-те ги комплетираше Александер Албон, кој стартуваше од пит лејнот, а со стратегија од еден пит стоп успеа да дојде до 10-тата позиција. Тој исто така поради напорите кои ги вложи, ја доби заслугата „Возач на денот“.

Надвор од топ 10-те следеа Роман Грожан, Ленс Строл и Кевин Магнусен на 11, 12 и 13 позиција пред Карлос Сајнц, Антонио Џовинази и Џорџ Расел на 14, 15 и 16 позиција, додека на последната 18 позиција за жал се најде добро познатиот возач Роберт Кубица кој буквално се мачи во Williams Mercedes…

Трката не ја завршија Ландо Норис, Данил Квјат и Нико Хулкенберг.

Check Also

WRC Финска: Танак во водство, неговите тимски колеги во проблеми

Возачот на Toyota От Танак ја зголеми предноста на Рели Финска, но неговите колеги наидоа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *