Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / F1: Кој бил последниот активен Ф1 возач што победил на Дејтона 24 Часа?

F1: Кој бил последниот активен Ф1 возач што победил на Дејтона 24 Часа?

Кој бил последниот активен Ф1 возач што победил на Дејтона 24 Часа?

Овој викенд се одржува легендарната трка Дејтона 24 Часа и на неа зедоа учество неколку активни Формула 1 возачи, но најголем фаворит помеѓу нив е двократниот Ф1 шампион Фернандо Алонсо.

По проблемите на Алонсо и неговиот  тим United Autorsports Ligier LMP2, никој од нив нема реални шанси за победа, но кој беше последниот активен Формула 1 возач што успеал да победи на оваа трка?

За да ја пронајдеме оваа информација треба да се вратиме назад во 1985 година, кога возачот на Arrows F1, Тиери Бутен заедно со Боб Волек, Ал Унсер и Ај Фојт успеаа да стигнат до победата на Дејтона 24 Часа возејќи Porsche 962 од тимот на Preston Henn. Бутен и Волек биле двајца навистина талентирани возачи и со помошта на двајцата ветерани од Индикар шампионатот успеале да стигнат до оваа победа и покрај тоа што не биле фаворити пред почетокот на трката.

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *