Sunday , January 26 2020
Home / Latest Articles / F1: Кој какви гуми има на располагање за трката во Шпанија?

F1: Кој какви гуми има на располагање за трката во Шпанија?

Пред почетокот на секој Гранд При викенд, секој Ф1 возач има право на избор по колку сета на гуми ќе користи од понудените три компоненти.

Топ 10 возачите ќе стартуваат со меката (жолта) компонента, но за трката сите имаат подготвено различни стратегии. Секој возач треба да искористи две од понудените три компоненти.

Анализите на Pirelli покажаа дека најдобра и најбрза стратегија ќе биде онаа со две застанувања во боксот за промена на гумите. Сепак, постои можност некои од возачите да се решат за стратегија со само една промена на гумите во зависност од условите на патеката и од излегувањето на безбедносното возило.

Двајцата возачи на Ferrari, Себастијан Фетел и Кими Раиконен, како и Даниел Рикардо од Red Bull, имаат по еден сет нови, неискористени супер-меки (црвени) гуми. Ова ќе им овозможи да останат подолго на патеката со најбрзите гуми. Но, доколку условите на патеката бидат како на вчерашните квалификации, облачно со пониски температури, тоа ќе ја отежни нивната стратегија бидејќи на оваа компонента и е потребна повисока работна темепратура. Од друга страна пак, двајцата возачи на Mercedes и Макс Ферстапен од Red Bull имаат по еден сет нови меки (жолти) гуми. Тоа ќе им овозможи да останат подолго на патеката со поиздржливата компонента и евентуално да се определат за стратегија со едно застанување во боксот и вториот стинт да го возат со медиум (бела) компонетата.

Ова ветува навистина интересна трка, затоа следете ја со почеток во 15:10 часот.

Check Also

WRC Монте Карло: Катастрофалното излетување на актуелниот шампион От Танак (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Светскиот рели шампионат От Танак не ја започна сезона како што очекуваше. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *