Friday , April 20 2018
Home / Latest Articles / F1: Лауда ја стави под знак прашалник интелигенцијата на Ферстапен

F1: Лауда ја стави под знак прашалник интелигенцијата на Ферстапен

Уште една релевантна личност од светот на Формула 1 го критикуваше возењето на Макс Ферстапен на вчерашната трка во Кина.

Неизвршниот директор на Mercedes F1 тимот и трикратен Ф1 шампион, Ники Лауда, го критикуваше возењето на Макс Ферстапен и ја стави под знак прашалник неговата интелигенција. По судирот со Фетел, Ферстапен не беше критикуван само од Фетел,, туку и од страна на неговиот тимски шеф Кристијан Хорнер и советникот на Red Bull Racing, др. Хелмут Марко.

“Нормално е да учите на вашите грешки, но тоа не е случајот и кај Ферстапен. На неговите грешки им нема крај. Кога ќе дојдете до одредена точка, тоа веќе не е прашање на годините и искуството туку прашање на интелигенцијата.” – изјави Лауда.

Check Also

F1: Ферстапен: Не ми е потребен психолог

Возачот на Red Bull Racing, Макс Ферстапен, вели дека веќе го оставил позади себе Кинеското …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *