Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / F1: Марчионе: Договор помеѓу Haas и Maserati би било одлична работа

F1: Марчионе: Договор помеѓу Haas и Maserati би било одлична работа

Серџо Марчионе, претседателот на Ferrari, најави можна соработка помеѓу Haas и Maserati слична на онаа помеѓу Sauber и Alfa Romeo.

Минатиот месец Марчионе склучи договор помеѓу еден од брендовите на Fiat Chrysler корпорацијата, Alfa Romeo, и Sauber F1 тимот. Сега, тој најавува слична соработка помеѓу уште еден бренд на оваа корпорација, Maserati, и Haas F1 тимот. Кога беше запрашан за гласините за можно влегување на Maserati во Формула Е шампионатот, Марчионе одговори:

“Не сум сигурен за тоа. Во однос на можна соработка, најдобро би било таа да биде помеѓу Maserati и Haas во Формула 1.”

Тој исто така ја најави можноста за влез на Alfa Romeo во Индикар шампионатот:

“Немаме многу искуство со тркањето во Америка, но размислуваме за влез во Индикар. Зошто да не? Џампаоло Далара e одличен специјалист и најдобар италијански инженер во мотор-спорт индустријата.”

Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *