Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / F1: Најинтересните моменти од Австралиското Гранд При (ВИДЕО)

F1: Најинтересните моменти од Австралиското Гранд При (ВИДЕО)

Во следново видео ќе можете да ги погледнете најинтересните моменти од денешната трка за Големата Награда на Австралија.

Денес почна новата Формула 1 сезона со трката во Австралија, на која што триумфираше возачот на Ferrari, Себастијан Фетел. Германецот успеа да стигне до оваа победа благодарение на стратегијата на неговио тим и среќните околности на патеката. Заедно со него на подиумот се искачија Луис Хамилтон од Mercedes и Кими Раиконен до Ferrari.

И покрај тоа што патеката Алберт Парк не дозволува многу претекнувања поради нејзината конструкција, на денешната трка бевме сведоци на неколку интересни моменти кои што можете да ги видите во видеото подолу.

Па, доколку денеска не ви се стануваше рано да ја погледнете трката во Австралија или доколку (за жал) немавте каде да ја гледате, погледнете ги најинтересните моменти:

Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *