Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / F1: На Ф1 тимовите ќе им биде дозволено да интегрираат ретровизори во “Хејло”

F1: На Ф1 тимовите ќе им биде дозволено да интегрираат ретровизори во “Хејло”

И покрај тоа што Ф1 возачите имаат многу мала прегледност во своите ретровизори, таа беше дополнително намалена со интегрирањето на “Хејло” безбедносниот систем.

Како и да е, од следниот Гранд При викенд во Азербејџан, на Ф1 тимовите ќе им биде дозволено да интегрираат ретровизори во “Хејло” безбедносниот систем со цел да ја подобрат нивната прегледност.

“Се надеваме дека тимовите ќе успеат да постигнат добра интеграција за да нема преголеми вибрации на ретровизорот, што може да ја намали прегледноста на возачот.” – изјави техничкиот директор на ФИА за Формула 1, Николас Томбазис.

“Но нема да дозволиме двојни ретровизори бидејќи тоа може да претставува проблем при отстранувањето на “Хејло” безбедносниот систем во случај на несреќа.”- додаде тој.

Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *