Sunday , January 19 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: На Хамилтон не му се верува дека ја загуби победата во Австралија

F1: На Хамилтон не му се верува дека ја загуби победата во Австралија

Луис Хамилтон вели дека не им верувал на своите очи кога го видел Себастијан Фетел како ја превзема лидерската позиција на Австралиското Гранд При.

Возачот на Mercedes имаше удобна предност се до излегувањето на безбедносното возило и се чинеше дека ќе стигне до уште една лесна победа.

Денес направив се што можеше да се направи, но никој не очекуваше да се случи она што се случи. Сеуште не можам да разберам што се случи. Направив се што мислев дека требаше да се направи. По излегувањето на безбедносното возило јас излегов на стартно-целната рамнина и одеднаш ми кажаа дека Фетел излегува од боксот. Не ни знаев дека тој е во боксот.” – изјави Хамилтон.

Не можев да им верувам на сопствените очи. По завршувањето на трката разговарав со моите инженери и очекувам да ми кажат што се случило. Се обидов да го претекнам Фетел, но не можев да ризикувам загуба на сите поени.” – додаде тој.

 

 

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *