Friday , August 14 2020
Home / Latest Articles / F1: Нема место за Лауда во Ferrari

F1: Нема место за Лауда во Ferrari

Серџо Марчионе, претседателот на Ferrari, вели дека во неговиот Формула 1 тим нема место за поранешниот шампион на Ferrari, Ники Лауда.

Лауда има постигнато голем успех возејќи го црвениот болид од Маранело, но и по завршувањето на неговата тркачка кариера има работено како консултант на Ferrari. Но, Австриецот сега е акционер и неизвршен директор во Mercedes F1 и неговиот договор важи до 2020 година.

“Ники Лауда е многу важен за Mercedes. Тој секогаш знае што се случува во умот на возачите, што е многу важно и многу ретко греши во неговите проценки. Како и да е, во нашиот тим нема место за пророк како Лауда.” – изјави Марчионе.

“Тимскот шеф на Ferrari, Маурицио Аривабене, обавува одлична работа со двајцата наши возачи, кои што се навистина комплексни личности.”- додаде тој.

Check Also

МотоГП: Историска победа за КТМ и дебитантот Бред Биндер

Јужно Африканскиот возач Бред Биндер дојде до убедлива и неверојатна победа на патеката Брно во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *