Sunday , January 26 2020
Home / Latest Articles / F1: Новиот мотор на Ferrari ги задоволува новите таргети за издржливост

F1: Новиот мотор на Ferrari ги задоволува новите таргети за издржливост

Многу охрабрувачки информации од базата на Ferrari во Маранело, кои што велат дека нивниот нов агрегат со сигурност ќе ги исполни таргетите за издржливост во сезоната 2018-та.

Производителите на агрегати во Формула 1, во текот на оваа сезона ќе се соочат со уште поголем предизвик. До минатата година беа дозволени 4 агрегати во текот на една сезона, а од оваа таа бројка се намалува на 3.

Во текот на минатата сезона, Ferrari во неколку наврати се соочи со проблемот на издржливост на нивните агрегати, што беше една од причините поради која што ја загубија шампионската титула. Сепак, според информациите од Маранело, тие ја научиле лекцијата:

Корадо Јоти, шеф на oдделот за Ф1 агрегати во Ferrari, го надгледувал развојот на новиот проект на мотор, кој што ќе биде подготвен за употреба подоцна во оваа сезона и треба да претставува револуција во издржливоста на моторот.

Check Also

WRC Монте Карло: Катастрофалното излетување на актуелниот шампион От Танак (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Светскиот рели шампионат От Танак не ја започна сезона како што очекуваше. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *