Wednesday , September 19 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Новиот мотор на Renault ќе задоцни поради проблеми со издржливоста

F1: Новиот мотор на Renault ќе задоцни поради проблеми со издржливоста

Red Bull и McLaren воопшто нема да бидат задоволни бидејќи нивниот добавувач на мотори соопшти дека новиот агрегат нема да биде достапен на трката во Канада, како што беше првично планирано.

Уште од почетокот на оваа сезона Renault најави дека нивниот фабрички тим и корисниците на нивните мотори ќе ја добијат првата надградба на Гранд При викендот во Канада, која што требаше да им овозможи и до половина секунда по круг. Стануваше збор за нова и понапредна MGU-K единица, системот кој што ја собира и топлинската енергија која што се создава во сопирачките при сопирање, ја претвара во електрична и ја складира.

Овој систем бил подложен на тестирање на динамометар и сеуште не ги задоволил нормативите за издржливост, од 8000 до 1000 километри.

“Треба да работиме на тежината и издржливоста на овој систем, затоа не можеме да ви кажеме конкретен датум кога ќе биде подготвен за употреба во трка. Најголем проблем е неговата изджливост.” – објасни Реми Тафин, техничкиот директор за изработка на моторите во Renault Sport F1.

Check Also

Маестрално возење на Вуков на Ушче; Од 13-та позиција до прва, но не и до победа…

Изминатиот викенд на уличната патека Ушче во Белград се одржа финалето на шампионатот на кружни …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *